Една од најуспешните српски актерки Катерина Радивојевиќ (38) и Михаил Ходорковски (54) поранешниот директор на најголемата руска нафтена компанија „Јукос“ и голем критичар на Владимир Путин, се сретнаа пред една година во Лос Анџелес, каде што започна и нивната врска.



„Адвокатот на Михаил ги запознал. Рускиот тајкун се заљубил во Катерина на прв поглед. И таа е луда по него и замрзна јајце клетки затоа што нејзиниот биолошки часовник отчукува. Поради целата ситуација и сите околности, тие не се гледаат често”, изјави извор близок на актерка.


Катерина Радивојевиќ
која се преселила во Америка поради својата кариера, дошла во Лос Анџелес само поради Ходорковски.

„Михаил ја финансира Катерина, и го плаќа патот за Америка, како и престојот таму.
Тој има забрана за влез во Русија, така што тие се гледаат само во Лос Анџелес и Берлин. Катарина е вљубена, но таа беше исплашена од романтиката со него и постојано ги брише пораките, и се плаши кога е контакт со Михаил некој да не и замери. Таа постојано е во страв “, изјави извор близок на актерка.

На актерката и одговара што Михаил нема семејство и деца, и не и пречи што тој нема пари како што некогаш ги имал.