Според најавата на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ што ќе се емитува вечерва во 22.30 се случуваат сериозни турбуленции во двата случаи за 27 април од кои едниот е со правосилна пресуда а другиот се уште трае.
Според најавата главниот сведок на обвинителството на Вилма Русковска по чиј исказ беа осудени обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок лажел во текот на постапката.

Дека сведочењето на Александар Василевски Нинџа е спорно јавноста знае подолго време но според најавата на Заспиј ако можеш во случајот сега е инволвирана и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) односно поранешната УБК за чиј вработен се претставуваше Нинџа.
Како АНБ “го урива” случајот 27 Април е една од темите за вечерва:
Бараат ли судии заштита од амбасади поради притисок од политичари
Кој врши притисок врз спорниот судијата поротник кој суди во 4 политички процеси
Зошто немало замена за судијата за кој се знаело дека ќе наврши 60 години
Уставниот суд пред нова катастрофална политизација
ЕУ бара да се елиминираат политичари од Уставен суд, власта не се откажува
АНБ го “урива” случајот 27 Април
Нинџа дефинитивно лажел на сведочењето на уставобранителите
Судии од Апелации без безбедносен сертификат не можат да одлучуваат за строго доверливи документи
Две судијки што оспорија закон испратени во реваншистичка “казнена експедиција”
Одлуката на Уставен суд за Еуростандард ќе предизвика хаос во правосудството
Член на Судски совет со обвинение, никој не го менува согласно законот
Гостин
Саше Димовски
Новинар за правосудство






