Чаир ќе се збратимува со Прешево

радоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денес бил домаќин на градоначалничката на Прешево Ардита Синани и претседателот на Собранието на Прешево г-дин Сами Салиху.



Ганиу потенцирал дека ја информирал Синани дека значителен број жители на Општина Чаир имаат потекло од Прешево и од тој регион, но исто така и дека тие имаат семејства таму и продолжуваат да ги одржуваат тие семејни врски.

„Следствено, се согласивме со г-ѓа Ардита Синани дека двете општини Чаир и Прешево, да ги започнат постапките за збратимување, така што ќе ги приближиме нивните жители уште поблизу едни до други, но исто така и нашите две институции ќе можат да соработуваат во многу области кои директно би влијаеле на локалниот економски развој“, изјавил Ганиу.