Вицепремиерот за корупција Љупчо Николовски се обиде да се пофали дека тој е заслужен за намалена емиграција на Македонците но коментарите го освестија дека можеби не е во право.
“Ништо не се мери со чувството кога можеш да видиш дека она што се работи ја прави државата подобро место за живеење.
Продолжуваме, за што помалку спакувани куфери, изгубени другари, напуштени домови и изгасени светилки”, напиша Николовски на Твитер за годината во која поради блокади македонските граѓани воопшто не можеа да патуваат или да се селат во најголем број од традиционалните дестинации за печалба
Коментарите полни со аргументи контра неговите тези во твитот се уништувачки за младиот вицепремиер.
Ништо не се мери со чувството кога можеш да видиш дека она што се работи ја прави државата подобро место за живеење.
Продолжуваме, за што помалку спакувани куфери, изгубени другари, напуштени домови и изгасени светилки! pic.twitter.com/3gQG7AM1EJ
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) June 23, 2021





