Заев не бил сам, и вицепремиерот за корупција “грешел” за “Македонски” на 37 години

По изјавата на премиерот Заев дека на 46 години згрешил што репрезентативците во фудбал ги нарекол “Македонски” се покажува дека според неговата чудна интерпретација на Преспанскиот договор и вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски грешел на истата тема а има 37 години.



Иако во Преспанскиот договор никаде не е забрането користење на придавката македонски на барање на грчката влада вчера Заев се извини за именување на фудбалерите како Македонски.

Сега на ред е Николовски кој исто така ги нарекува фудбалерите македонски да признае дека грешел и да им се извини на Грците по урнекот на неговиот владин и партиски шеф.