Рама: За нас сонцето изгрева на Запад

ЕУ потфрли уште еднаш да донесе вистинска одлука, изјави премиерот на Албанија Еди Рама на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по учеството на Првиот Економски форум Скопје.



„Албанија ја има завршено својата задача уште од времето на Ѓерг Кастриот и на своите преродбеници. За нас Сонцето изгрева таму каде што заоѓа, а нашата иднина е таму каде што Бог одредил да имаме своја земја, во срцето на Европа. ЕУ потфрли повторно да го одржи ветувањето, да остане посветена на аганжманот и да биде на вистинскиот став“, изјави Рама.

Напредокот, додаде тој, ќе продолжи со сите сили затоа што тој не ни се наметнува од надвор, туку од нас самите внатре и нема да зависи само од односот на ЕУ кон нас, а ќе продолжи и регионалната соработка.

Премиерот на Албанија пред два дена изјави дека ништо веќче не може да го изненади од Брисел.