Нема датум за ЕУ за Македонија и Албанија

Двете земји не добија согласност од сите членки за започнувазње преговори за членство во Унијата на денешниот состанок на министрите за надворешни и министрите на Еу денеска.



Бугарија, преку соопштение од Министерството за надворешни работи, потврди дека нејзиниот претставник на Самитот на Советот на ЕУ, бугарскиот заменик министер за надворешни работи Румен Александров, го соопштил непроменливиот став на Софија. Бугарското Министерство за надворешни работи вели дека ја цени добрата волја , но очекува Скопје во пракса да ги спроведе обврските што ги доби од договорот од 2017 година:

“Ова вклучува одрекување од Република Северна Македонија од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија, промена на натписи / споменици кои поттикнуваат омраза кон Бугарија во Република Северна Македонија, активирање на процес на рехабилитација на жртвите на југославенскиот комунизам поради поради бугарската свест. И покрај нашиот билатерален дијалог со Република Северна Македонија, Бугарија инсистира на тоа дека спроведувањето на Договорот за добрососедство ќе биде вклучено во условите во следната рамка за преговорите, за пристап на Скопје кон ЕУ“.

Александров додал и дека Софија останува отворена за продолжување на конструктивниот дијалог за изнаоѓање решенија.