Во однос на спорот со Бугарија,лидерот ан ДУИ, Али Ахмети смета дека тој нема да се реши ни со прес-конференции, ниту со лидерски средби..



„Треба да се седне и да се превземе одговорност, а јас гледам подготвеност кај Зоран Заев да земе одговорност“ рече Ахмети во вчерашното гостување на Тв Клан.

Според лидерот на интегративците отворање графа во Уставот и за Бугарите како што има за Турците, Србите итн, многу ќе се амортизира прашањето со Бугарија.