Бесими: Владата утре ќе го крати ДДВ-то на струјата

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека на утрешната седница, Владата ќе ги разгледува двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното намалување на ДДВ на електричната енергија и воведувањето еколошка такса на горивата и ќе донесе одлука тоа да важи од 1 јули.



„ Имаме предлог за законот за ДДВ за намалување во транзиторен период, односно да се помогне на домаќинствата кога се прави либерализација на пазарот на електрична енергија. Домаќинствата ќе добијат олеснување во однос на цената на електричаната енергија преку намалување на делот на ДДВ, која е конректна мерка која директно влијае врз буџетот на домаќинствата“, рече министерот Бесими.

Според предлогот, ДДВ кај електирчната енергија за домаќинствата треба од 1 јули 2021 година да се намали од 18 на пет отсто, потоа наредната година да биде на ниво од 10 отсто и третата година да се врати на 18 отсто.