Поранешниот министер за внатрешни работи и пратеник во Собранието Павле Трајанов вели дека продолжувањето на рокот на важност на истечените патни исправи до 31 декември, ќе им направи проблем на граѓаните кои ќе патуваат во странство.
Тој вели дека може да се очекува некаква флексибилност од пограничните службеници во земјите од регионот за македонските граѓани кои со истечена важност на пасошот ќе патуваат, но не и во другите земји.
„Не верувам дека секој припадник на гранична полиција ќе биде информиран и дека ќе може таквата измена на законот да се применува. Можно е да се соочат граѓаните со истечени пасоши со проблеми при преминување на граница и ги советува тие граѓани да имаат верификација со печат од полиција дека нивниот пасош иако е со истечен рок, дека има важност до 31. 12. 2021 година.
Без таква белешка од полицијата верувам дека ќе се соочат со проблеми и сметам дека е ризик да се патува надвор од земјава без таква белешка“, вели поранешниот прв човек на МВР за РСЕ.







