„Предлагаме Владата да ги компензира трошоците на македонските граѓани кои одат на вакцинација надвор од Македонија“, стои во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ откако викендов околу 20.000 граѓани кои викендов се ревакцинирале, а некои и вакцинирале против коронавирусот во Србија, а некои и во Бугарија.
Од опозициската партија велат дека на сите граѓани на Македонија кои плаќаат даноци тука, плаќаат здравствено осигурување тука, а имаат дополнителни трошоци за пат до вакциналните пунктови во соседните земји, владата треба да им ги рефундира трошоците.
„Тоа се трошоци настанати по вина на Филипче и Заев, затоа и треба да си ги платат. Доста Филипче и Заев мислат само на својата екипа и ги делат граѓаните на граѓани од прв ред и граѓани од втор ред“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата се потсетува дека три дена вакциналните пунктови во земјава беа под клуч.
„Се разбира дека ќе се под клуч кога има само вакцини за оние кои треба да се ревакцинираат, но нема за лица кои сакаат, ама и треба да се вакцинираат. А зошто Филипче би мислел дали граѓаните се вакцинирани, кога ќе стекнат имунитет, што во пресрет на евентуалниот четврти бран, па тој си има работа. Филипче си ангажира ПИ-ар, си плаќа од парите на народот за да му кажат како да се изрекламира, дека треба во личната промоција да вклучи и некое дете. Срамота!- се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






