Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски останува на принципот да не одговара на навредите и нападите што му ги упатуваат највисоките членови на СДСМ.
Мицкоски не му враќа и на министерот за внатрешни работи Спасовски откако пред десетина дена не му врати со иста мерка и на премиерот Заев.
“Дојде во Гостивар, нервозно ме нападна, ме навредуваше, се посрамоти и си отиде. Министерот кој потпиша македонски пасоши на балкански нарко босови, а нема за македонските граѓани, нема регистарски таблички, осуденици му бегаа од затвори, се прислушкуваа обвинители и судии, шверцуваа цигари градоначалници, шверцуваа дрога и мигранти полициски началници и што ли уште не, зборува за реформи! Ова е нашата реалност што ја нудат овие луѓе. Криминал, корупција, срам и порази. Јас нема да зборувам на нивото како овој човек. Времето на политичките изманици и циркузанти помина. На народот му се потребни решенија. Мојот сон е Македонија за сите луѓе. Сон кој ќе стане јаве за неколку месеци од денес. Многу чесна работа и откажувања. Безмилосна борба со криминалците и корумпираните во политиката, одговорност…, стоп за срамот и поразите, понуда на победи и успеси.
Драги пријатели, ова е нашата понуда, мојот сон за Македонија, а реалноста е понудата на Заев и Спасовски. За неколку месеци од денес, вие одлучувате во каква Македонија сакате да живееме…”, пишува Мицкоски користејќи го хаштагот:
#МакедонијаЗаСитеЛуѓе
https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1894855824023201/





