„Аплицирани се вкупно 1,01 милијарди дози вакцини“, соопшти Министерството за здравство, пренесува Си-Ен-Ен.
Процентот на популација во Кина кои ги примиле двете дози на вакцината не е објавен.
Кинеските власти се надеваат дека до крајот на годината 70 проценти од населението ќе ги прими и двете дози на вакцината, што е скоро милијарда луѓе.
Четири вакцини произведени во Кина се достапни на граѓаните.






