Браќа од Албанија сакале да прошверцуваат марихуана преку Охридско Езеро

Полицијата од албанскиот град Поградец спречила шверц на марихуана од Албанија во Македонија преку Охридско Езеро, при што е запленето помало количество дрога.



Уапсен е Адриан Папајани (35) од селото Худениш, а се трага по неговиот брат Фатјон Папајани (29).

„Двајцата браќа, во соработка, вршеле илегална активност на трговија со дрога од Албанија, кон Македонија, преку водите на Охридско Езеро. Благодарение на добро организираната акција, спречен е шверц на помала количина марихуана. Како материјален доказ запленти се чамец, два мотора „јамаха”, две електронски ваги“, соопшти полицијата.

Се додава дека во соработка со македонската полиција се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност.