Владика на МПЦ “распнат” на Фејсбук за честитка до Пендаровски

Една обична честитка од два збора упатена од владика на МПЦ-ОА до претседателот Пендаровски предизвика жестоки реакции на Фејсбук.



Во честитката епископот Пимен на Пендаровски најверојатно му ја честита средбата со Цариградскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул и со тоа предизвика десетици реакции меѓу кои има и навредливи кои содржат говор на омраза.

Владиката Пимен важи за близок на СДСМ откако учествуваше во кампањата за референдумот за промена на името и беше дел од друга кампања на партијата на Заев.

Членот на светиот Синод на МПЦ-ОА воопшто не ги избришал коментарите на неговиот пост на Фејсбук кој гласи
“Честики претседате” а во кој и покрај тоа што е промашена една буква јасно се гледа дека тој упатува честитка до Пендаровски.

Коментарите кои можат да предизвикаат немир можат да се прочитаат на постот на владиката Пимен.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3008118899515524&id=100009523291868