Велика Британија регистрира 10.321 лице заразени со коронавирус во последните 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 4.620,968, соопшти британското Министерство за здравство.
Владин научен советник изјави дека третиот бран на пандемија на коронавируси е „дефинитивно во тек“, пренесе „Гардијан“.
Ова претставува најголемо зголемување од февруари, кога случаите нагло паднаа во услови на една од најуспешните кампањи за вакцинација во Европа, а „иновник“ се смета индискиот сој на коронавирусот.
Поради зголемениот број на новозаразени, Владата одлучи да го одложи олеснувањето на рестриктивните мерки.






