Филипче: Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус

Министерот за здравство денеска потврди дека е евидентиран уште еден пациент заболен од индискиот сој на коронавирус.



Досега се регистрирани само двајца граѓани кои се заразиле со индиската мутација – првиот заболен беше откриен во јуни, а претходно престојувал во Ирак.

Венко Филипче вели дека епидемиолошките анкети покажале дека нема поголем ризик и потреба од дополнителни мерки.

„Стравување од индискиот сој или некоја нова форма на мутација која може да виде позаразна од сегашните актуелни постои насекаде. Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на бoлеста или од смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Досега епидемиолошките анкети кои се направени покажаа дека некаков ризик, а со тоа и дополнителни мерки не треба да се прават“, рече министерот.