„Македонија е бугарска. Факт на кој не му треба доказ. Факт што Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И тој се сеќава само кога ќе побара нешто“, Ова се дел од пораките во новото предизборно видео на ВМРО БНД кое нас социјалните мрежи го сподели европратеникот Ангел Џамбаски.



„Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија. Но, Бугарија не треба да биде уценувана! Пријателството се гради со доверба и доследност.
Вистината не може да се заобиколи, а историјата треба да ја отфрли судбината на секој предавник. Бугарија и БУГАРСКИТЕ ПАТРИОТИ ќе ја продолжат нашата битка за вистината!“, напиша Џамбаски на официјалниот фејсбук профил.

Видеото на следниот ЛИНК