Американците вложуваат 3,2 милијарди во развој на антиковид лекови

Американските власти во четвртокот ја објавија својата намера да насочат 3,2 милијарди долари за забрзување на истражувањето и развојот на антивирусни лекови против ковид и други идни вирусни заболувања.



Проектот, наречен „антипандемиска антивирусна програма“ е финансиран благодарение на средствата од планот за обновување од 1900 милијарди долари, усвоен од Конгресот во март.

„Антивирусните лекови се додаток на постојните вакцини, особено за лица кои имаат одредени болести кои дополнително се изложени на ризик, за оние кои се потенцијално помалку заштитени со вакцината“, изјави за новинарите научниот советник на Белата куќа, Ентони Фаучи.

Овие антивирусни лекови исто така може да играат важна улога кога станува збор за нови варијанти на вирусот против кои постојните вакцини обезбедуваат помала заштита, додаде тој.

Програмата ќе овозможи да се забрзаат клиничките испитувања на антивирусни лекови во различни фази на развој, како што се лабораторијата Молнупиравир на мерк и лековите на Фајзер и Атеа-Рош.

Откако ќе се одобрат, правилото е пациентите да почнуваат да ги земаат многу брзо откако ќе се потврди инфекцијата за да се спречи болеста да влезе во потешка фаза.

Тие 3,2 милијарди долари ќе бидат искористени и за финансирање на истражување на нови антивирусни лекови, не само против коронавируси, туку и против други семејства на вируси кои можат да претставуваат потенцијална опасност од пандемија.