Шпанецот утривана го победи Хуан Мартин Дел Потро со 3-1 во сетови и се пласира во своето 23 финале на големите турнири. Овој пат во битката за титулата во Њујорк го очекува Јужноафриканецот Кевин Андерсон кој е апсолутното изненадување на турнирот. Високиот (203 сантиметри) сервер во првиот полуфинален меч го елиминира Пабло Карењо Буста со 3-1.
Интересно и во двата мегдана поведуваа тие што на крајот губеа. Така Дел Потро направи 6-4 за да продолжи многу лошо, што се гледа од бројот на освоени гемови, 6-0, 6-3, 6-2.
„Кога видов дека не оди, ја сменив тактиката и бев подиректен, повеќе ризикував“ рече Рафа Надал.
Неговиот сонародник Карењо Буста поведе со 6-4, но потоа постојано беше во кусок од еден свој гем. Главно со силата на својот сервис, Андерсон во продолжение добиваше со 7-5, 6-3 и 6-4.
Машкото финале е утре, а денеска по 22 часот е женската пресметка на дебитантките на ваквите турнири Слоун Стивенс и Медисон Кијс.




