МКД: Подготвува ли Владата „самоубиство“!?

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.



Како да си вршат самоубиство, се вели во коментар на порталот МКД.Мк .

Воведоа нов данок на нафтата и бензинот кој ќе ги дотепа 90% од граѓаните и компаниите во Македонија.

Носат нов закон со нови давачки за пасишта, со кој и вака веќе уништеното сточарство дефинитивно ќе го погребаат.

Трагедијата да биде и пародија, ставија пашарина и на пчелите.

Во постапка е носење на нов закон за отпад со кој повторно дозволуваат увоз на РДФ гориво и отпад за преработка од увоз.

Следува покачување на електричната енергија, во некои случаи дури и за над 50% од сегашната цена.

Во државата со месеци нема регистарски таблички за возила, лични карти, возачки дозволи. Неверојатно.

(…) Само една од горе споменатите работи е доволна  со сигурност да ги изгубите изборите.

Од друга страна, во некоја друга држава, само за една од горенаведените работи опозицијата и синдикатите го вадат народот на улици и на масовни протести, до ниво на блокада на целата држава.

Кај нас е штама…