„Двајца браќа од струшко Велешта, на возраст од 24 и 18 години, на 15 јуни заеднички нападнале двајца полициски службеници од ОВР Струга кои вршеле контрола на патниот сообраќај. Притоа, осомничените ги удирале полициските службеници со шамари и тупаници и им нанеле телесни повреди. За да се совладаат осомничените на помош кон нападнатите полицајци притекнале уште тројца нивни колеги“, се вели во соопштението од ОЈО Струга.
Обвинителство повело постапка против двете лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга доставил предлог за определување мерка притвор а судијата на претходна постапка прифатил и на осомничените им определил притвор во траење од осум дена, јавува Фактор







