Интересот на македонската страна за посетата на премиерот Зоран Заев на Бугарија е исклучително силен за што говорат и податокот дека повеќе од 50 новинари ќе ги следат билатералните средби во Софија, пишува News.bg.
„Меѓутоа, има многу медиуми во македонското општество кои се финансирани од кругови на бегалецот и поранешент премиер Никола Груевски во Унгарија. Тие работат на создавање тензија во односите меѓу двете земји, создавање на напнатост, лажни вести и недоверба.
За тоа помогнаа и некои грешки на бугарскиот страна, како што се ветените вакцини пред неколку месеци, но сè уште неиспорачани, што и овозможи на Србија успешно да ја спроведе својата дипломатска вакцинација, а граѓаните на нашиот југозападен сосед да одат на вакцини во Врање, Ниш, а не во Ѓустендил или Благоевград“, оценува новинарот и експерт за Западен Балкан, Николај Крсте за News.bg.







