Денес, 17-ти јуни, се одбележува 3-годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, но според претходно објавената агенда за Преспа форум дијалогот, ќе се одбележува на 1 и 2 јули. Ќе се одржува меѓународна конференција на две локации, во Охрид и во Преспа, а домаќин на собирот ќе биде министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Се очекуваат на меѓународната конференција која ќе биде организирана по овој повод во Македонија да пристигнат околу четириесетина високи функционери од Европа и од САД. Меѓу нив ќе бидат медијаторот за спорот за името Метју Нимиц, поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, поранешната висока преставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, некои потписници, а некои учесници на историскиот настан во Нивици/Псарадес.
Од САД ќе дојдат помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, како и Метју Палмер, негов заменик, кој е одговорен и за Западниот Балкан. Од ЕУ ќе присуствува и специјалниот преставник за Балканот, Мирослав Лајчак. Од регионот на форумот ќе учествуваат премиерите на Србија, Ана Брнабиќ, на Албанија Еди Рама, на Косово Албин Курти и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Линк до целиот текст.





