Откако Алфа телевизија вчера објави за скандалот каде што Податоците на дел од граѓаните на сајтот за вакцинација се пробиени, денеска Министерството за Здравство ја исправило грешката на сајтот вакцинација.мк, иако вчера од нив не добиле конкретен одговор зошто дошло до толкав пропуст во безбедноста на сајтот.
Од Министерството За Внатрешни Работи ги упатиле сите одговори да ги побараат во Министерството за Здравство затоа што до нив никој не пријавил злоупотреба на негови лични податоци.Од Министерството за Здравство им рекле дека и натаму не гледаат простор за одговорност за тоа што личните податоци на граѓаните беа буквално ставени на тацна за секого.
Линк до целиот текст на Алфа ТВ.






