Концертно шоу на маестро Симон со македонски дрес и шал

oznorMB

Маестро Симон Трпчевски вечерва одржа незаборавен концерт во Концертната сала на Романското национално радио во Букурешт.



Во знак на поддршка на фудбалерите и во чест на утрешната средба на македонската репрезентација против Украина Трпчески по првиот бис од публиката облече македонски дрес по што продолжи со концертот.

Трпчески од дел од публиката доби и шал со боите на Македонија кој што му го подари на диригентот на Оркестарот на романското национално радио.

Своето вербално обраќање кон публиката на романски јазик Трпчески го заврши со зборовите Форца Македонија, напред Македонија.

Во своето обраќање тој не го употреби зборот Северна

Следува видео од шоуто на Трпчески.