Европската куќа на фудбалот го суспендира Марко Арнаутовиќ за следниот натпревар на Австрија поради пцовки на натпреварот против играчи на македонската репрезентација, објави „Гол.мк‘.
По постигнатиот гол, Арнаутовиќ славеше бурно и кажа недолични зборови кон Езџан Алиовски.
Подоцна тој се извини, но многумина го обвинија за расизам.
УЕФА ја разгледа снимката по пријава на ФФМ, па му изрече суспензија на напаѓачот од еден натпревар.
Арнаутовиќ ќе го пропушти натпреварот против на ЕП 2020, а ќе може да игра во последното коло од групната фаза.







