Важноста на пасошите чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули годинава, се продолжува до 31 декември 2021 година информираше Министерството за внатрешни работи согласно измените на Законот за патни исправи.
Законот ќе отпочне со примена на 1 јули.
Измената на Законот за патни исправи, како што велат од МВР е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓани, кои, како што додаваат, поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови биле спречени навремено да ги продолжат своите документи.







