Поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, во интервју за „Дер Шпигел“ изјави дека тогашната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, ѝ се јавила кога го истражувала случајот со Рамуш Харадинај.
Како што пишуваат косовски медиуми, Олбрајт ја повикала поранешната обвинителка и ѝ рекла рекол да биде внимателна.
„Олбрајт, кој во тоа време беше државен секретар, ми се јави и ми рече:’ Карла, полека, полека. Бидете внимателни со Рамуш Харадинај. Во спротивно, ќе има немири на Косово“, раскажува Дел Понте, пренесува „Газета експрес “.







