ЕУ: Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија ја стави Македонија на списокот на земји кои се безбедни за патување и чии граѓашни ќе може да патуваат во ЕУ, пренесуват европските новински агенции.



ЕК предложи на списокот безбедни за патување да се додадат и Србија, Албанија, САД, Хонгконг, Тајван, Макао, Саудиска Арабија и Либан.

Утрово во Брисел, амбасадорите на земјите-членки го поддржале ставот дека во овие земји има „задоволителна епидемиолошка состојба“, што им овозможува на нивните граѓани да патуваат во земјите-членки без ограничувања, пишуваат агенциите.