„Се надевам дека Османи ќе биде присутен (на седница на собраниската Комисија за надворешни) а , за тоа што тоа не е лична желба на еден министер, туку е законска обврска. Во нормалните демократии не мора со протести и притисок од јавноста да издејствувате министер да се појави во парламентот, туку доволно е самиот министер или Владата да имаат чувство на одговорност дека пратениците се избрани од граѓаните токму за да ја контролираат и да ја прашуваат власта како работи, истакна пратеникот Антонијо Милошоски, во „Утрински Брифинг“.
Милошоски вели дека „за вакви крупни прашања како што се евроинтеграциите, блокадите од страна на Бугарија, и злоупотребата на договорот за пријателство сметам дека Владата требаше уште многу порано да отвори дискусија во Собранието за да македонското Собрание да изгради една заедничка позиција. Она што го има Бугарија, заедничка позиција за националните и европските прашања, а за жал го нема Македонија, заради неспособноста на власта да изгради консензус“.
Милошосски исто така рече дека „главните одговори кои што Владата и министерот за надворешни работи ги должи е каде се загуби датумот за преговори со ЕУ за кој што се организираа музички прослави и за кој што имавме една легендарна фотографија на Заев, Димитров и Бујар Османи уште во 2018-тата година“.







