Наместо да дава одговори како и зошто МВР издавало пасоши на 215 светски криминалци министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски почна да објавува колку полицајци ќе земат за прекувремена работа.
Иако досега ниту еден друг министер не објавувал јавно колку пари им се дава на полицајците за својата активност по редовното работно време Спасовски реши да се пофали во јавноста за нешто што треба да е редовна работа во МВР и во другите институции.
“Денеска на 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година,ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари”, напиша Спасовски на социјалните мрежи.
Денеска на 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година,ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари. pic.twitter.com/0XAAal4EoU
— Oliver Spasovski (@o_spasovski) June 16, 2021






