Претседателите на Соединетите Американски Држави и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, се среќаваат во Женева и ова е нивна прва официјална средба како претседатели.
Тие ќе разговараат за билатералните врски, проблемите поврзани со стратешката нуклеарна стабилност, наводното руско мешање во изборите, хакерството и други прашања, вклучително и соработката во борбата против Ковид-19 и регионалните конфликти.
Состанокот е закажан за 13 часот, а Крмљ најави дека ќе трае неколку часа, како и дека двајцата претседатели ќе имаат одделни прес-конференции – Путин во 18 часот, а Бајден пред него.
Последен пат Путин и Бајден се сретнаа пред 10 години, додека Бајден беше потпретседател на Соединетите држави.
Денешната средба е исто така нивна прва средба откако Бајден го нарече својот руски колега убиец, а Путин му рече да се погледне во огледало.
За разлика од неговите четворица претходници во Белата куќа, кои се обидоа да создадат добри врски со Путин, Бајден јасно стави до знаење дека градењето лични врски може да има свои граници, пренесоа американските медиуми.(б92)






