Гарванлиев ќе ја отвори „парадата на гордоста“ на 26 јуни

Под мотото „Вон ѕидовите“ на 26 јуни во Скопје ќе се одржи втората парада на гордоста во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.



„Оваа година прајдот ќе го отвори претставникот на Евровизија од државава, Васил Гарванлиев, по што ќе следат говори од активисти, а ќе има и музичка програма“, соопшти активистката Елена Петровска која информираше за деталите околу организацијата на овој настан кој ќе се одржи во „Жена парк“.

Кочо Андоновски, член на организацискиот одбор, денеска на прес-конференција рече дека одлучиле годинава да се одржи втората парада откако спласна пандемијата и мерките се олабавени. Парадата е посветена на сите нивни поддржувачи кои ќе присуствуваат и на сите кои нема да присуствуваат поради различни причини.