Владата ќе воведе еколошка такса за литар дизел и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните.
Оваа мерка премиерот ја најави на денешната прес конференција на која рече дека Владата планира сериозни вложување во екологијата и обновливите извори на енергија. ВО меѓувреме најави дека Владата планира да го намали ДДВ од 18 на пет проценти на сметките на електричната енергија за граѓаните да не го почувствуваат поскапувањето на струјата.
Рече дека Владата е посветена на заштита на воздухот.
Претходно, министерот за финансии, Фатмир Бесими пред неколку дена кажа дека се уште нема владина одлука и дека воведувањето еколошка такса ќе оди преку консултации со засегнатите страни.





