Репрезентативецот Езџан Џани Алиоски заедно со помладиот колега од тимот Дарко Чурлинов на денешната редовна прес конференција на УЕФА одговараа на прашања на новинарите преку видео конекција.
Во одговорите и двајцата зборуваа само за Македонија без да го употребат зборот Северна.
Исто како и Чурлинов кој зборуваше на Македонски јазик и Алиоски кој зборуваше на англиски јазик не го користеше зборот Северна на кој инсистираат грчките власти.
Изјавите на репрезентативците се на линија на еден од главните слогани кој во Букурешт го скандираат македонските навивачи: “Никогаш Северна, само Македонија”.
Предходно грчките власти остро ги нападнаа коментаторите на МТВ Тони Стојановски и Горан Милковски затоа што зборувале за Македонци без Северна.






