Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На денешната владина седница ќе се одлучува за целосно укинување на полицискиот час што би стапило на сила од утре.



Тое една од новите препораки кои вчера ги донесе Комисијата за заразни болести и ги прифати Главниот координативен COVID-19 кризен штаб,

Покрај ова, се укинува и ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, а ќе се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба е стабилна и ја дозволува ваквата одлука.

Вчера беа регистрирани четири нови случаи со COVID-19, еден починат и 14 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а на активни случаи изнесува 426 од кои 183 се во Скопје.