Грција во напад на коментаторот на МТВ Тони Стојановски

Државната новинска агенција на Грција (АНА-МПА) објави реакција во која остро протестира на начинот на кој новинарите на МТВ, Тони Стојановски и Горан Милковски, ја коментираа вчерашната средба на Македонија против Австрија и тоа поради фактот што двајцата не ја користеле придавката „Северна“ како во уставното име на нашата држава, пренесува спорт1.мк.



На новинарите од северното соседство им пречело што коментаторите на МТВ не велеле „државјани на С. Македонија“, како што тие сметаат дека е правилно според Преспанскиот договор, туку го користеле зборот – Македонци.

„Тие во никој случај не зборуваа за ‘државјанин на С. Македонија’ во текот на целиот натпревар, ниту го користеа новото име на земјата, „С. Македонија“, реагираат од АНА-МПА.

За Грците, чии репрезентативци ова Европско првенство го гледаат пред ТВ-екраните, ова е втора политичка реакција деновиве, откако претходно им пречеше амблемот на ФФМ на дресовите, за кој исто така сметаа дека не е според Преспанскиот договор.

Стојановски стана национален јунак по говорот по победата против Грузија и пласманот на ЕП.

По историскиот во Тбилиси нов блесок на коментаторот Тони Стојановски (ВИДЕО)

Кој е новинарот што на нозе ја крена македонската јавност?

Повеќе на спорт1.мк