Премиерот Зоран Заев попладне ќе има средба со бугарскиот претседател Румен Радев, со кого ќе разговара и за претстојниот клучен министерски состанок на ЕУ.
„Очекувам нашиот прв, источен сосед, Бугарија конечно да даде поддршка за првата меѓувладина конференција“, изјави Заев.
Заев потсети дека Македонија е кандидат за членство со препорака за почеток на преговори повеќе од 16 години.







