Врховниот управен суд за дискриминација на Бугарија го осуди Красимир Каракаачнов за изјава против Ромите на 8 јануари 2019 година во пловдивското село Војводиново, објави бугарскиот Хелсиншки комитет. Одлуката е конечна, јавуваат бугарските медиуми.
„Ц…… е во Бугарија станаа крајно безобразни. Пред неколку години тие претепаа полицаец, пред два дена ја тепаа војската. Толеранцијата на бугарското општество истекува“. Тоа е поврзано со случај од селото Војводиново, кога двајца мажи од ромско потекло нападнале Бугарин од истото село. Напаѓачите беа идентификувани и потоа осудени.
Говорот на Каракачанов имаше непосредна реакција во голем дел од ромската заедница…
Според судот, од особено значење е фактот дека изјавите на Каракачанов беа широко распространети во медиумите, како и фактот дека тој не ги критикувал конкретните извршители на злосторството, туку зборувал за целата етничка група.







