Бројот на хоспитализирани секојдневно опаѓа

Министерството за здравство информираше дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат во болниците ширум земјава е 99. За 24 часа, е хоспитализиран само еден нов пациент. Трендот на опаѓање на хоспитализирани продолжува. Во Скопје, на инфективните одделенија се лекуваат 34 лица суспектни и потврдени на корона вирус. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.



Во ковид-центрите во болниците останатите градови е пријавено дека се лекуваат вкупно 65 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти,во болницата во Штип 5, на инфективното одделение во Тетово има 3 пациенти, во Велес се лекуваат 6, во Куманово 15, во ковид -центарот во Охрид има хоспитализирано 6 пациенти, во Прилеп 3, во ковид-центарот во Гостивар 8, во Струга 4, во Струмица 9 пациенти и во Кичево 2. Во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани со ковид.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.