Грција донира 20.000 вакцини на Албанија, Македонија чека…

Од Грција за Албанија денеска заминаа 20.000 вакцини Астра Зенека, соопштија, преку социјалните мрежи, од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.



На почетокот на месецов, портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија.

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче откри дека Македонија очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.