Фудбалската репрезентација на Холандија остави силен впечаток на стартот од Европското првенство, и покрај поразот од 3:2 од Холандија во Амстердам, покажувајќи дека Македонија ќе има исклучително тешка задача во меѓусебниот дуел в четврток во Букурешт.
Случувањата на теренот и движењето на резултатот на арената „Јохан Кројф“ потсетија на мечот од мундијалските квалификации на Националната арена во главниот град на Романија, која исто така водеше со 2:0 против Македонија, која во финишот со два брзи гола израмни, пред домаќинот, сепак, да го однесе целиот плен во финишот.
Холанѓаните имаа убедлива предност со головите на Вајналдум во 52. минута и на Вегхорст седум минути подоцна, но Украинците се вратија со погодоците на Јармоленко во 75. минута и на Јаремчук четири минути потоа, пред Думфрис да го постави конечниот резултат пет минути пред крајот.






