Бараме да се престане со понатамошно убивање на зеленилото во Скопје, како еден од најзагадените градови во Европа“, порачаа активистите на „Зелен хуман град“на денешниот протест по сечата на дрвја на улицата „Орце Николов“ во Скопје.



Протестот почна денеска точно на пладне со едноминутен молк за згаснатите животи на здравите дрвја, а во знак на револт за исечените дрвја на една од најстарите улици во главниот град.

„ Бараме одговорност од институциите, бараме да ги објават јавно сите документи со кои располагаат со кои наводно се потврдува дека зеленилото кое што било тука било за уништување и бараме од нив вклученост на граѓаните, навремена, бидејќи сега ни самите жители на улицата, всушност ниту знаат колку дрва се исечени ниту знаеле дека тие дрва ќе бидат сечени. Не е никаде најавено и тие не се информирани.

Ако сакаме да живееме во демократска земја каде што навистина се слушаат граѓаните, каде што се владее со сите напредни принципи, со вклученост на јавноста тогаш неможеме да се однесуваме на овој начин!-порачаа на протестот накој се појавија неколку десетици луѓе.