Алкбанскиот премиер денеска повтори дека „Косово треба да покрене тужба против Србија за геноцид извршен пред 22 години“, пренесе Б92.
Албин Курти рече дека луѓето во Косово „ја преживеале убиствената кампања на српската држава, затоа мора да сведочат пред светот“.
„Со Србија сè уште владеат луѓе кои беа министри и високи функционери во времето кога беа наредени и извршени овие масакри. Се разбира, денес тие веќе не можат да дојдат да нè напаѓаат и убиваат, но не само што не ги негираат нивните соништа, туку постојано ги нагласуваат, преку вложување во модерно оружје, купување оружје од Русија, Белорусија и други “, рече Курти.
Тој праша зошто Србија се вооружува, повторувајќи дека „се’ уште не се извинила за масовните злосторства што ги изврши пред 22 години“.
Следуваше реакција од Белград:
„Наместо да работи со сите сили на шовинистичкиот концепт за прогласување на Србите и Србија за криминалци, Курти треба да започне да ги запознава своите сонародници со криминалната природа на терористичката ОВК, чии жртви не беа само Србите, туку и многу Албанци“, изјави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.
Тој посочи дека Курти, сега премиер, „на крајот на краиштата, беше еден од идеолозите на таа злобна машинерија што убиваше, киднапираше и касапеше луѓе за да тргуваат со нивните органи и е последниот кој има право да обвинува за геноцид “.





