Министерот за надворешни работи, Бујар Османи реагираше по протестот на Грција која побара ФФМ да не настапува под тоа име на Европското првенство во фудбал, бидејќи не е според Договорот од Преспа.
„Фудбалската федерација на Македонија е независна и непрофитна организација која што во Централниот регистар е регистрирана како здружение кое што не прима државни пари. Согласно Преспанскиот договор, прашањето на името е за институции, организации, здруженија кои што примаат државни пари.
Сè додека не прима државни пари, ФФМ нема обврска да се прилагоди според Договорот од Преспа.
Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои реагираат зошто не е НМ, НМК, но тој код е само за регистарските таблички, според Договорот од Преспа, рече Османи.






