Сојузот на средношколци денеска реагираше дека
Средни училишта бараат пари од учениците за наплаќање такси за издавање на свидетелства, реагира денеска Сојузот на средношколци и најавија пријава до Државниот просветен инспекторат.
„Изминативе неколку денови Сојузот на средношколци добива поплаки од средношколци кои доаѓаат од повеќе градови ширум земјава дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавањето на свидетелства. Сојузот извести за истиов проблем и минатата година.
Tоварот за печатењето не смеат да го сносат ниту учениците ниту професорите во средните училишта. Овие такси се срамни и скандалозни и треба да бидат покриени од образовните власти, а праксата учениците да плаќаат мора да престане“ , објави Сојузот на Фејсбук. .
Средното медицинско училиште во Тетово наплаќа меѓу 150-200 денари за свидетелство, економското училиште во Тетово бара износ од 150 денари, скопската гимназија ’Зеф Љуш Марку‘ наплатува од своите ученици 100 денари за свидетелството, а гимназијата ’Мирче Ацев‘ во Прилеп 30 денари од ученик, велат од Сојузот за 360 степени.







