Царовска се пофали: Обезбедивме квалитетна настава и добро здравје (ВИДЕО)

Во свое видео обраќање по повод крајот на учебната година министерката за образование Мила Царовска тврди дека успешно било одговорено на сите предизвици во овој сектор.



“Драги ученици, родители и наставници, дојдовме до крајот на учебната 2020/2021 година, која се одвиваше во различни услови и на кои успеавме позитивно да одговориме. Сите ние со заеднички сили и посветена работа обезбедивме континуиран воспитно-образовен процес, квалитетна настава и добро здравје, за што сум бескрајно благодарна.

👉За крај ви посакувам безгрижен летен распуст, успешно запишување во средните училишта и факултетите според вашите желби. Воедно и ви порачувам да бидете посветени и да верувате во себе затоа што тоа ќе ве направи успешни млади кои нашата држава ќе ја водат напред”, вели Царовска.

Целото видео на овој линк

https://fb.watch/64fGz9Nwvs/