Повеќе од 1.000 новинари аплицираа за акредитација на самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател eо Бајден што ќе се одржи во Женева на 16 јуни.
За да добијат пристап до центарот, медиумските работници мора да презентираат или потврда за вакцинација одобрена од Швајцарија, Европската унија или Светската здравствена организација, негативен тест за ПЦР или доказ дека се опоравиле од КОВИД-19
Според прес-службата на рускиот претседател, Путин и Бајден ќе разговараат за поерспективите на руско-американските односи, теми од доменот на стратешката стабилност и итните глобални теми, вклучително и борбата против пандемијата на коронавирусот и начините за решавање на регионалните конфликти.
Тоа ќе биде прва средба лице в лице меѓу двајцата шефови на држави откако Бајден влезе во Овалната соба.






