На оние кои во тек на целата пандемијата работеа како и вработениите во приватниот сектор не им следува регрес за годишен одмор.



Со ребаланс на буџетот се предвидени скоро 4 милиони евра за исплата на К-15 за околу 27 илјади вработени во министерствата, општините, судовите, обвинителствата, државното правобранителство, затворите, центрите за социјална работа, јавните установи формирани од Владата и во други органи основани од Собранието. Тие ќе добијат по околу 150 евра.

Без регрес за годишен одмор ќе останат оние вработени кои одеа на работа секој ден како вработените во образованието, здравството, полицијата и комуналните претпријатија.

За голем дел од граѓаните се работи за „предизборно подмачкување“. РСЕ